23/04/2024
Охрид

На Попова Шапка ќе биде спроведен експертски мониторинг на зимска обука

Во периодот од 15 – 18.02.2018 година, на Попова Шапка, ќе биде спроведен експертски мониторинг на зимската обука која ја спроведува МАИВП, од страна на техничката комисија за контола на работењето и спроведувањето на стандардот IML (International Mountain Leader).

Мониторингот ќе го спроведе тричлена експртска група од Меѓународната Унија за Водичи во Планина – UIMLA (Union of International Mountain Leader Associations) во состав:

1. Bill Beiley – Претседател на техничката комисија при УИМЛА
2. Francois Burthey
3. Caroline Hale

Македонската Асоцијација на Интернационални Водичи во Планина – МАИВП, во понеделник ќе одржи прес конференција во Винаријата на Вила Мал Св. Климент во Охрид. Bill Beiley i Francois Burthey, на 19.02.2018 година, ќе бидат во посета на Охрид и ќе земат активно учество на прес конференцијата.

Темата на прес конференцијата ќе биде: Професијата Водич во Планина според меѓународниот стандард IML (Inernational Mountain Leader) и значењето на истиот за безбедноста и квалитетот на туристичкиот производ.