На скопскиот аеродром лишена од слобода жена од Велестово

На 13.01.2020 во 18:10 часот на Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“ била лишена од слобода Ј.Д.(47) од с.Велестово, охридско, затоа што при пасошка контрола било констатирано дека се наоѓа на листата со мерка „апси”, по наредба од Основен суд Гостивар.

Таа била предадена на полициски службеници од Полициска станица Карпош за понатамошна постапка.