19/04/2024
Македонија

На Табановце и Богородица се чека од 15 до 30 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

„Бележиме зголемена фреквенција на возила на граничните премини Богородица и Табановце, каде времето на чекање е од 15 до 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.“– информираат од АМСМ.