Над 10 милиони заболени од COVID-19, над 500 илјади починати

Вкупниот број на заболени од коронавирусот COVID-19 ширум светот го надмина бројот од 10 милиони лица.

До денес, регистрирани се 10,053,848 заболени лица, од кои починати се 500,183 лица.

Најмногу заболени лица има во САД (2,590,266), Бразил (1,313,667), Русија (627,646), Индија (529,577), Британија (310,250)…

Најмногу смртни случаи има во САД (128,108), Бразил (57,070), Британија (43,514), (Италија (34,716), Франција (29,778)…

Најмногу излекувани има во САД (1,078,326), Бразил (697,526), Русија (393,352), Индија (310,146), Чиле (228,055)…