19/04/2024
Регион/Свет

Над милион заболени од COVID-19

Бројот на заболени од коронавирусот COVID-19 ширум светот го надмина бројот од 1 милион лица.

До денес, регистрирани се 1,000,889 заболени лица.

Најмногу заболени лица има во САД (235,747), Италија (115,242), Шпанија (110,238), Германија (84,284), Кина (81,589)…

Најмногу смртни случаи има во Италија (13,915), Шпанија (10,096), САД (5,620), Франција (4,503), Кина (3,318)…

Најмногу излекувани има во Кина (76,408), Шпанија (26,743), Германија (21,400), Италија (18,278), Иран (16,711)…