Најмладите ја започнуваат Европската недела на мобилност во Охрид

Во рами  на „Европската недела на мобилност“ што се одбележува од 16 до 22 септември,  најмладите охриѓанчиња кои се згрижени во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ во понеделник, во период од 10 до 11:30 часот ќе продефилираат низ централните охридски улици со соодветни транспаренти во рака и ќе ја пренесат пораката „Рака за рака“. Дечињата ќе прошетаат по улиците „Македонски Просветители“ и „Кеј Македонија“.

Во тој период затворени за сообраќај ќе бидат дел од улицата „Македонски Просветители“  од пресек со улицата „Партизанска“ до пресекот со улицата „Коста Абраш“.