19/04/2024
Писма/Колумни

Народе мој, ве делат

Народе мој, ве делат. Со нивната политика, нивните празни ветуванја, и нивните лични интереси, ве терат еден со друг да се карате и тепате за да успеат на крајот – да ја направат Македонија анти-демократска земја, неуставна и без права. Ова недела беше една многу интересна недела. Каде што одев, слушав разни ставови, гледав лугје што никогаш немат кренато глас, који што сега си ги кажуват мислејната. Немаше минута, и уште нема, каде што ке го отворив фејсбукот и немаше да го видам зборот “Македонија”, исто и со телевизите дури тука во Канада. Едно заприметив, сите се борете еден со друг. Едниот ке ја гони владата а пак другиот ке го гони првиот оти ВМРО не биле поарни порано. Е тоа ви го прават и СДСМ и ВМРО за да добиат власт.

Доста беше. Покажете му и покажете си дека сме обединети и дека партите не не интересират. Ова сега што се случува е за опстанок на нашата Македонија, не е политика. Политиката заврши дури од договорот со Бугарија. Овај договор морате да го прочитате сами. Не слушајте други, послушнете го вашот душевен глас. Ова не е само за името. Овај договор ни го бриши правото на слободен говор, Македонија исто така се откажува од Македонското малцинство надвор од државата – значи нас, вашата фамилија. Исто така, мешање во нашата внатрешна политика е обезбедено. Ова не е демократски договор и ме плаши што е одобрено од Обединетите Наци и Европската Унија.

До вас младите, мојата генерација, знам што мислете – од двај чеката Европски пасош за да заминете толку што можете подалеку од Македонија. Можи не ми е место да го зборувам ова оти живеам во Канада али морате да слушнете став на некој што не е маниполиран од Македонската медиа и влада и политика. Европската Унија и НАТО нема да ви дај повеќе пари во џебот ниту повеќе сигурност. Странство не е лесно. Животот е дојден ист секаде, од сабајле до вечер работиме не сигурни работи. Прашајте било кој. Затоа иднината на Македонија вие ке си ја градете а не НАТО или ЕУ. На Македонја им е потребно Македонија. Има иднина, а не е со овај договор.

Грција сака да не снема. Грција сака да не земе. Кажете му НЕ на договорот. Кажете му ДА за иднина на Република Македонија, Македонци, и Македонски јазик без одземање на човекови права. На вас го оставаме. Да се сетиме на тоа што сум го напишал горе, гледам Македонија секаде али сепак гледам МАКЕДОНИЈА, не некој друг збор. Ме радува дека тој збор е на секаде и се слуша. Светот не знае кој сме и што сме. То го имаме ние направено. Вашата работа сега е да им покажете на Македонија кој сме и што сме. Обратно ке се случи од тоа што мисли владата ке се случи. Македонија ке остане Македонија оти имам верба во мојот народ, и ако многу ја изгубиле таа верба. Да си верувате еден со друг, да си ја земеме Македонија назат. Одиме напрет.

Веле Тошевски, директор на ММДЧП за односи со јавноста, претседател на АМСУТ

*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.