18/04/2024
Струга

Нарушен јавен ред и мир на кеј ,,Борис Кидриќ“ во Струга и Велешта

На 18.08.2019 околу 01,40 часот во кафе бар лоциран на кеј ,,Борис Кидриќ“ во Струга, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Е.Р. од струшкото село Велешта врз А.Ш.(25) од Струга.Против напаѓачот, ќе биде поднесена пријава според одредбите од Законот запрекршоци против јавниот ред и мир.

На 17.08.2019 околу 18 часот, на бензиска пумпа во струшкото село Велешта, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад од Д.Х. жител на Велешта, врз Х.Р. од селото Октиси. Во пресметката се вклучиле уште неколку лица кои употребиле и тврди предмети. Полициската станица од Струга презема мерки за расветлување на настанот по што ќе биде поднесена соодветна пријава.