Нарушен јавен ред и мир на плажата „Сараиште“ во Охрид

На 02.08.2020 година во 00:30 часот, на плажата „Сараиште“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад и употребен стаклен предмет, извршен од Л.Ч.(23) врз Љ.Д.(24) и Д.Ј.(24), сите од Скопје.

Нападнатите со возило на Итната медицинска помош се пренесени во Општата болница во Охрид, а напаѓачот е приведен. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.