28/03/2024
Охрид

Нарушен јавен ред и мир на ул. „Абас Емин“ и кеј „Македонија“ во Охрид

На 23.05.2020 година во 20 часот, во СВР Охрид приведен и лишен од слобода е М.Т.(61) од Охрид. Тој, околу 18.30 часот, на улицата „Абас Емин“ , во алкохолизирана состојба го нарушил јавниот ред и мир, а потоа извршил физички напад врз Ж.Р. и С.Т. од Охрид. Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 23.05.2020 година .во 15.2о часот, на кеј „Македонија“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Г.П. врз Љ.Д.(59, двајцата од Охрид. Против напаѓачот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.