Нарушен јавен ред и мир во угостителски објект на улица „Железничка“

На 20.10.2019 околу 20:00 часот во СВР Охрид пријавено е нарушување на јавниот ред и мир со физички напад извршен во угостителски објект на улица „Железничка“ во Охрид од В.Ѓ.(38), М.Ѓ.(35) и М.Ѓ.(30), сите од Охрид, врз В.И.(29) од Скопје и Х.Р.(19) од Охрид.

Против напаѓачите СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.