19/04/2024
Охрид

Нарушен јавниот ред и мир на „Туристичка“

На петнаесетти мај оваа година, во 18 часот и 45 минути, на булевар „Туристичка“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Љ.Г. врз З.К.(62), двајцата од Охрид.

Полициската станица од Охрид презема мерки за пронаоѓање на напаѓачот, по што против него ќе биде поднесена пријава.