29/03/2024
Охрид

Нарушен јавниот ред и мир во автобуската станица во Охрид

На 22 јануари оваа година, околу 13 часот, во автобуската станица во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со вербална караница помеѓу Н.С.(45) од Охрид, од една и И.И.(34) и А.И.(30), двајцата од струшкото село Радолишта, од друга страна.

Караницата започнала поради нерасчистени меѓусебни должничко доверителни односи, а натамошниот тек бил спречен од работниците на обезбедување во автобуската станица.

Против учесниците во нарушувањето на јавниот ред и мир, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.