29/03/2024
Охрид

Нарушен јавниот ред и мир во угостителски објект во Охрид

На 20.06.2019 година во 03 часот и 15 минути, во угостителски објект лоциран на кеј „Македонија“, нарушен е јавниот ред и мир од Д.Ј. и В.М., двајцата од Охрид. Тие, манифестирале дрско и непристојно однесување со карање и викање и со кршење на предмети.

По целосно документирање на настанот, СВР Охрид против нив ќе поднесе соодветна пријава.