20/04/2024
Спорт

Наскоро во Охрид започнува Бизнис лига во мал фудбал

ЈП „Билјанини Извори“ следејќи ги пошироките потреби на нашето општество во овој случај потребите на активните вработени во компаниите, институциите и организациите организира Бизнис лига во мал фудбал.

„Спортското фудбалско дружење претставува Тим билдинг за вработените и ние искрено се надеваме дека со учеството на Бизнис лигата во мал фудбал ние заеднички ќе успееме за еден чекор да ја подобриме комуникацијата, мотивацијата, продуктивноста и желбата за работа кај учесниците а со тоа и вкупната клима во самите правни субјекти. Ги покануваме сите правни субјекти кои имаат можност за учество на Бизнис лигата во мал фудбал да се пријават најдоцна до среда (07.02.2018).“ – истакнуваат од ЈП „Билјанини Извори“.

За условите за учество, начинот на пријавување сите заинтересирани можат да се информираат на телефонскиот број 078/261-164 (Владо).

*Напомена, бројот на учесници е ограничен така што пријавувањето може да се заокружи и пред горе наведениот датум.