25/04/2024
Македонија

Навредувал граѓани на гласачко место и физички нападнал полицајци

На гласачко место во ОУ „Лазо Ангеловски“ во Скопје, машко лице го нарушило јавниот ред и мир со тоа што навредувало граѓани и физички нападнало полициски службеници.

Лицето е приведено во ПС Аеродром и утврдено е дека се работи за К.Ж.(22) од Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.