28/03/2024
Македонија

Неформален регионален состанок на директорите на Царинските управи од Западен Балкан

Во период 11-12.06.2018 година, директорот на Царинската управа на Република Македонија Ѓоко Танасоски, учествуваше на неформален регионален Состанок на директорите на Царинските управи од Западен Балкан, што се одржа во Република Албанија.

Состанокот е продолжение на првиот неформален регионален состанок, што се одржа во Република Македонија во период од 30 ноември до 1 декември 2017 година.

На состанокот се дискутираше за подготовка на заеднички пристап на Царинските служби од регионот со цел унапредување на царинските постапки и економската соработка во Западен Балкан, присуствуваа претставници на Царинските управи на Македонија, Црна Гора, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово и меѓународни институции и организации.

На маргините на состанокот, директорот на Царинската управа на Република Македонија Ѓоко Танасоски оствари билатерални средби со директорката на Царината на Република Албанија Белинда Икономи, директорот на Царината на Република Црна Гора Владан Јоковиќ, како и со директорот на Секретаријатот на ЦЕФТА Емир Џикиќ.