29/03/2024
ДебрцаОхрид

Нема услови за ефикасна ларвицидна дезинсекција

Согласно Акциониот план за ставање под контрола на вектор преносливите болести на територијата на општините Охрид и Дебрца, Центар за јавно здравје Охрид во пролетниот период предвидува обавување на ларвицидна дезинсекција на потенцијално ризични површини за развој на ларвицидна форма на комарците. Со оглед на големото количество вода кое сеуште се наоѓа на просторите каде треба да се изврши соодветен третман на земјиштето (Студенчишко блато, Белчишко блато), сеуште не се создадени условите за обавување на ефикасна ларвицидна дезинсекција.

Центар за јавно здравје Охрид ја следи состојбата и веднаш штом ќе дозволат временските услови ќе пристапи кон третирање на соодветните површини, за што јавноста навремено ќе биде известена.