28/03/2024
Македонија

Николовски: Со колективниот договор повисоки плати, МЗШВ работи на зајакнување на Шумската полиција

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска одржа работен состанок со овластените службени лица од Шумската полиција. Целта на состанокот беше да се разгледаат проблемите со кои се соочува Шумската полиција, а воедно министерот Николовски, ги информираше присутните за Информацијата за потпишување на Колективен договор, која што деновиве беше усвоена од страна на Владата.

Со овој колективен договор овластените службени лица од Шумската полиција ќе се стекнат со право на работа во смени, ноќна работа и државни празници, додаток за опасна работа, како и отпочнување на постапка за стекнување право на бенефициран стаж. Односно, вработените во Шумската полиција ќе добијат 30 отсто повисока плата, во која што е пресметано работата во смени, ноќната работа, државни празници и додатокот за опасна работа. Зголемувањето на платите ќе се имплементира во текот на оваа година, со ребалансот на Буџетот.

Зголемувањето на платите ќе се имплементира во текот на оваа година, со ребалансот на Буџетот. Министерот Николовски ги информираше вработените во Шумската полиција дека Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство е во преговори со амбасадата на Турција за набавка на униформи и со мисијата на ОБСЕ во земјава за подобрување на статусот на вработените во Шумската полиција. Дополнително, секоја шумска полициска станица ќе биде опремена со компјутери од страна на МЗШВ. Целта е да се зајакне оваа организациона единица која функционира во состав на МЗШВ, и ефикасно да функционира, затоа што работата на Шумската полиција е важна е заради спроведување на контролите со дивата сеча во шумите и крајно заради зачувување на природните ресурси.