19/04/2024
Дебрца

Ногачески: Чисти и прегледни патишта се предуслов за безбедно одвивање на сообраќајот

Надлежните служби на Општина Дебрца деновиве спроведоа акција за расчистување на делницта од општинскиот пат село Мешеишта – село Волино.

„Вчера и денес извршивме чистење на крајпатната вегетација на најкритичната делница од општинскиот пат село Мешеишта – село Волино. Кој поминал добро знае за каков долгогодишен проблем станува збор. Не застануваме тука.

Во програмата за развој на комуналните дејности во 2018 година плниравме набавка на механизација ( трактор и мулчер ) за чистење на крајпатната вегетација на сите општински патишта. Чисти и прегледни патишта се предуслов за безбедно одвивање на сообраќајот.“- напиша градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески на својот Facebook профил.

WebOhrid