28/03/2024
Дебрца

Ногачески: Градоначалникот не исплаќа плата за училиштето, тој само ја одобрува

Градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески испрати реакција по повод соопштението на ОК ВМРО-ДПМНЕ Дебрца. Во неа стои:

➡️Пак на погрешна врата сте тропнале. Не ме чуди, Ногачески Ви е опсесија, ноќна мора. Релакс малку, не плашете се толку од Ногачески, тој не е “бабарога”, тој само си ја работи работата, која му ја довериле граѓаните.

Ако не сте знаеле, градоначалникот не исплаќа плата за училиштето, тој само ја одобрува, а целокупната постапка околу исплатата ја води училиштето. Ногачески ја одобри јануарската плата за вработените во ОУ “Дебрца” уште на 5 февруари, а тоа што платата не е исплатена ( доцни 7 дена ), вината нека си ја побараат кај училишната администрација.

➡️Вие сте загрижени за просветните работници !??

Заборавивте дека Вашиот градоначалник им ги укина патните трошоци на наставниците, кои ние во дел им ги вративме.

И Вашите советници на последната седница на советот не гласаа за новиот Статут на училиштето со што дополнително ја блокираа работата на училиштето.

➡️Колку во изминативе две години ние вложивме во образованието Вие можете да сонувате:

санација и централно греење во ПУ Мешеишта
санација и централно греење во ПУ Требеништа
хортикултурно уредување на училишен двор во Оровник
молерисување на училиштaта во Белчишта и Требеништа
ужинка за секој ученик ( со парите кои Вашиот градоначалник ги трошеше по меани )
екскурзии за учениците
училишен прибор за првачињата ( со поддршка на фондација “Капинков” )
награди за талентирани ученици
награда за Првенец на генерација и ученици на генерација
ученички и студентски стипендии
покровителство на Училишниот крос
поддршка за училишните спортски игри
поддршка за Отворените фудбалски школи

➡️Ако Вие не ги гледате овие работи поради партиското слепило, граѓаните ги гледаат.

И не грижете се, ќе има уште!“ – стои во реакцијата.