28/03/2024
Дебрца

Ногачески: Инвестираме во подобрување на спортската инфраструктура

Општина Дебрца инвестира во подобрување на спортската инфраструктура.

„На спортскиот полигон во Волино поставивме бетонско цокле и нова мрежа на заштитната ограда, нови столбови за рефлектори, ја реконструиравме електричната инсталација, преостанува да ги поставиме новите 18 лед рефлектори.

Во изминатиот период ја саниравме соблекувалната на фудбалското игралиште во Лешани, поставивме 18 лед рефлектори на спортскиот полигон во Мешеишта, четири металхалогени рефлектори на одбојкарското игралиште во Велмеј, шест металхалогени рефлектори на спортскиот полигон во Оровник.“- напиша на својот ФБ профил, градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески.

Од Општината велат дека во наредните денови ќе бидат поставени нови лед рефлектори и во спортската балон сала во Требеништа.