20/04/2024
Дебрца

Ногачески: Расчистивме неколку „дилеми“ во врска со проектот за регионалната депонија

„По дебатата со државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање и средбата со Манфред Шуберт, врвен светски експерт за енергетика можам да сумирам дека расчистивме неколки “дилеми” во врска со проектот на Министерството за животна средина и просторно планирање за регионално управување со отпад во Југозападниот плански регион, со кој се предлага регионалната депонија да биде лоцирана во село Годивје и тоа:

Прво, во Регионалниот план за управување со отпад изработен од грчкиот консултант Енвироплан, како локација за регионалната депонија се предлага напуштениот рудник за лигнит во Осломеј, Кичевско, а во Студијата за оценка на влијанието врз животната средина, изработена од истиот консултант, неколку месеци подоцна, се предлага Годивското Поле. Еколошки аргументи за променетата локација нема.

Второ, постапката за донесувањето на документацијата е нетранспарентно водена, без прибавено мислење од релевантните институции: Хидробиолошки Завод, Управата за заштита на културното наследство, Комисијата за заштита на светското природно и културно наследствио во Охридскиот регион, Националната комисија на УНЕСКО и др. И самиот државен секретар во дебатата тоа го призна.

Трето, технологијата за третман на отпад која се предлага е застарена, напуштена и не одговора на современите стандарди кои денес се применуваат во високоразвиените држави.

Тоа што се предлага е налик на санитарната депонија Дрисла.“ – напиша градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески на својот Фејсбук профил.