19/04/2024
Спорт

Нов гол на Алиоски за Лидс Јунајтед

Езѓан Алиоски повторно ја имаше клучната улога во својот тим. Денес, тој му донесе победа на Лидс Јунајтед кој гостуваше против Барнсли. Најпрво Алиоски асистираше во 23 минута за водство на Лидс од 0:1, а во судиското надополнување од првото полувреме (45+4) Алиоски го совлада противничкиот голман со што го доведе неговиот тим во водство од 0:2 што беше и конечен резултат на овој натпревар.

Оваа сезона Алиоски за Лидс има одиграно 17 натпревари на кои постигна 5 голови и 3 асистенции.

https://www.youtube.com/watch?v=SPmJSI-Suao

WebOhrid