28/03/2024
Македонија

Нов културен бран во Битола: „ПичПрич“ ќе раскажува нови женски приказни

Вечерва од 20 часот во Народниот театар во Битола, шест раскажувачки препознатливи по своите општествено-културни дејности во јавноста ќе зборуваат на тема „Кога (си) бев малечка“…

На битолскиот „ПичПрич“ ќе раскажуваат Беса Арифи, Елизабета Баковска, Фатма Бајрам Аземовска, Софија Ристевска, Уранија Пировска, Јасмина Василева….

Раскажувачкиот циклус „ПичПрич“ патува низ Македонија во рамките на Новиот културен бран со поддршка од Министерството за култура на Република Македонија и Фондацијата Фридрих Еберт.