19/04/2024
Македонија

Нова алатка за отворање на податоците на ЕСЈН

Бирото за јавни набавки, во состав на Министерството за финансии, во насока на отворање на податоците ја направи јавно достапна платформата Отворени Податоци на веб страницата е-Набавки за што денеска беше одржана и презентација за новинари.

Вработени од Бирото за јавни набавки ја презентираа новата алатка ОТВОРЕНИ ПОДАТОЦИ, која овозможува сите заинтересирани страни да можат да прават персонализирани анализи и истражувања за системот за јавни набавки или за конкретни институции или носители на самата набавка.

Целта, како што рече и портпаролката на Министерството за финансии, Јована Аврамовска,  е да се овозможи изработка на персонализирани анализи и да се дадат одговори на многу прашања поврзани со јавните набавки.

– Ваков вид на комбинација на податоците со кои располага системот досега не бил достапен. Насоката за поголема транспарентност во јавните набавки е јасна – минатиот месец со одлука на владата на РМ се започна со објавување на целосната докуметација од договорите за јавни набавки. Од тогаш до сега објавени се над 1.700 договори за јавни набавки од страна на институциите. 

Целта е да се создаде транспарентен и квалитетен систем на јавни набавки и граѓаните да го добиваат најдоброто, за најдобра цена од своите средства. Исто така насоката е тие да имаат пристап до сите податоци поврзани со јавните набавки, затоа што имаат право на истото.

https://www.e-nabavki.gov.mk/opendata-announcements.aspx#/homea