28/03/2024
Охрид

Нова атмосферска канализација во населбата „Христо Узунов“

Екипите на ЈП „Нискоградба“ по налог на Општина Охрид започнаа со градежни активности за поставување на нова атмосферска канализација во населбата  „Христо Узунов“ .

Се поставуваат цевки за одведување во должина од 70 метри, со што ќе се надмине долгогодишниот проблем со насобирање на атмосферска вода на коловозот, во овој дел од населбата.