19/04/2024
Охрид

Нова авиолинија Мастрихт – Охрид

Холандскиот авиопревозник „Corendon“, од ова лето, ќе воведе сезонска авио линија од Охрид до градот Мастрихт, Југо-источна Холандија.  Летовите ќе започна да се реализираат од 6 јули. Оваа авиокомпанија веќе има воспоставено сезонски лет од Охрид до Амстердам. Двете линии се наменети за холандскиот туристички пазар, а билетите ќе се продаваат како дел од туристичките пакети.

Се очекува, уште неколку авиооператори меѓу кои „Brussels Airlines“, „Nordica“ и „TUIfly“да ги објават новите летови до Охрид што ќе се реализираат од ова лето.  

Извор: Еx-Yu aviation news