18/04/2024
Охрид

Нова спортско-хуманитарна активност на ПХВ младинците при Црвен крст Охрид

Програмата Промоција на хумани вредности-Црвен крст во акција (ПХВ-ЦКА) Црвен крст Охрид ја спроведува од февруари до мај 2019 година. Младите на Црвен крст Охрид организирани во ПХВ тимови реализираат најразлични хуманитарни активности насочени кон прибирање на средства за помош на ранливи категории на граѓани од Охрид и Дебрца.

ПХВ младинците во нова спортско-хуманитарна активност Црвен крст Охрид ќе ја реализира на 23.03.2019 г. (сабота) со почеток во 11 ч., кога се очекува околу 100 учесници рекреативно да возат велосипеди. Стартот ќе биде од Центарот за култура „Григор Прличев“, по Кеј Македонија, пешачката патека, до паркингот кај Горица 3 и назад, после што на градскиот плоштад ќе се одржат хуманитарни музички перформанси на младите на Црвен крст Охрид.