19/04/2024
Македонија

Нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 0,26% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката од 27.04.2020 година.

Од вечерва на полноќ малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 денари за литар и ќе изнесува 50,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се зголеми за 0,50 денари за литар и ќе изнесува 52,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се намали за 0,50 денари за литар и ќе изнесува 42,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 денари за литар и ќе изнесува 31,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,801 ден/кг и ќе изнесува 16,144 ден/кг.

Од 05.05.2020 година максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-95 50,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-98 52,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 42,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 31,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 16,144 (денари/килограм)

Клучните фактори што влијаат на крајната цена согласно Методологијата за формирање на цените се референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот.

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на нафтените деривати бележат зголемување кај бензинот во просек за околу 8,197%, кај дизелот има намалување во просек за околу 3,342%, кај екстра лесното масло има зголемување во просек за околу 2,615% и кај мазутот се регистрира намалување во просек за околу 8,932 %.

Во исто време курсот на денарот во однос на доларот во изминатиов седумдневен период е зголемен за 0,009%. Согласно Методологијата за формирање на цените, вклучени се сите овие влезни параметри и извршено е соодветно прилагодување.

Ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 05.05.2020 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.