19/04/2024
Охрид

Нови корпи за ситен отпад

Денес екипите на Ј.П. „Охридски Комуналец” започнаа со замена на старите и дотраени корпи за ситен отпад со нови.

Беа заменети 10 корпи во паркот кај градското пристаниште, а во наредните денови ќе се врши замена на корпите за ситен отпад и на останатите места.