29/03/2024
Охрид

Нови тавани и ЛЕД осветлување во ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“

Деновиве започнаа работни активности за реконструкција на таваните и поставување на ново ЛЕД осветлување во ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“.

Во рамки на проектот се поставуваат висококвалитетни плочи за спуштен плафон и соодветна лед електрика во сите училници, училишните ходници и административни простории. За оваа намена од буџетот на општина Охрид се издвоени 1.650.000 денари.

Исто така со средства кои се обезбедени од општинскиот буџет, во моментот се врши поврзување на објектот на новата спортска сала со котларата за парно греење, која се наоѓа во подрумските простории на училишната зграда. Вредносата на оваа инвестиција е 630.000 денари.

Во текот на изминатиот период во ова училиште беше извршена реконструкција на покривот со нов лимен покривач, беше поставена нова дограма и беа реновирани дел од училниците.

Според планираното, во текот на наредниот период предвидено е поставување на нова енергетски ефикасна фасада на училишната зграда и реконструкција на училишната работилница за практична настава. Исто така, во текот на наредниот период со средства на Локалната самоуправа планирано е да се изврши замена на подовите во сите училишни простории.