29/03/2024
Охрид

Нови возила за ЈП „Охридски комуналец“ и ЈП „Нискоградба“

Преку грант на Светска банка, општина Охрид набави четири нови возила за потребите на јавните претпријатија „Охридски комуналец“ и „Нискоградба“. Преку овој проект се набавија едно специјално возило камион со инсталирана надградба кипер, едно специјално товарно возило камион со дупла кабина, една комбинирана машина ровокопач-утоварувач и една машина ровокопач, мини багер хидрауличен на гасеници. Возилата денес официјално беа предадени на јавните претпријатија.

Вкупната сума за набавката на возилата изнесуваше 7.159.768 денари, од кои 807.082 денари беа учество на општина Охрид, а останатите се средства од Светска банка.