Ново намалување на цените на горивата

Според најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, од вечерва по полноќ малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 2,82%.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,00 ден/лит во однос на малопродажната цена утврдени со Одлуката од 27.01.2020 година и со тоа, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 58,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 1,50 ден/лит во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 27.01.2020 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 66,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 47,50 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,00 ден/лит во однос на малопродажната цена утврдени со Одлуката од 27.01.2020 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 68,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,473 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 27.01.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 34,922 ден/кг.