16/04/2024
Македонија

Ново поскапување на горивата

Според најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика на Р.Македонија, од вечерва по полноќ малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 1,57%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 0,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 02.04.2018 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 68,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,50 ден/лит.

Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 02.04.2018 година, и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 60,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 48,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,682 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 02.04.2018 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 28,720 ден/кг.