19/04/2024
Охрид

Новогодишен базар во ОУ „Григор Прличев“

Денешниот ден беше исполнет со низа предновогодишни активности во ОУ „Григор Прличев“ како во централното, така и во подрачното училиште во населба Рача.

Традиционално, како и секоја учебна година, вредните ученици од одделенска настава изработуваа предмети со новогодишни мотиви и истите успешно ги продаваа на базарот организиран во училиштето и секое одделение успешно се претстави пред купувачите.

„Во одлична атмосфера, нашите мали, но вешти ученици успеаја да го доближат духот на празниците до сите присутни. Тие имаа и дополнителен мотив, имено, денес на учениците им беа поделени производи од ЧУНГА ЛУНГА. Донацијата внесе дополнителна ведрина кај нив за овој ден да го запомнат како ден за дарување. Собраните средства ќе бидат употребени токму за нив, набавка на материјали кои ќе го збогатат воспитно- образовниот процес.“- велат од ОУ „Григор Прличев“ Охрид.