19/04/2024
Дебрца

Новогодишна честитка од градоначалникот Зоран Ногачески

Градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески упати честитка до граѓаните по повод Новата 2020 година. Во неа стои:

„Почитувани сограѓани,

Сакам најтопло да Ви ја честитам Новата година со најискрени желби.

Посакувам во новата година да го исполниме нашето секојдневие со љубов, верба и надеж и заеднички да продолжиме да ја градиме нашата и иднината на нашите деца.

Заедно да придонесеме во исполнувањето на новите предизвици, да изградиме пат кон напредокот на нашата заедница и сите заедно посветено да работиме на остварување на нашата заедничка цел, подобра и понадежна општина Дебрца.

Ви посакувам многу здравје, среќа, бериќет и успех во Новата 2020 година.

Да сме здрави и живи.“– стои во честитката.