19/04/2024
Охрид

Новогодишни слатки за дечињата од градинката „Билјана“

Во пресрет на новогодишните празници учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“ – Охрид, од секцијата „Млади готвачи“ ги покажаа своите вештини, изработија новогодишни слатки и ги посетија и израдуваа најмалите во најблиската градинка „Билјана“.

Учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“ –Охрид им посакаа најубави новогодишни желби и заедно со дечињата испеаа новогодишни песнички.