29/03/2024
Охрид

НУ Библиотека „Григор Прличев“ нема да работи се додека трае вонредната состојба

Поради епидемијата на коронавирусот – Ковид 19 се додека трае вонредната состојба НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид ќе биде затворена.

Владата на Република Северна Македонија, на 25-тата седница од 21 март 2020, покрај усвоените заклучоци, во функција на преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на болеста KОВИД-19 , донесе и заклучок со кој се утврдува дека сите донесени заклучоци на Владата со кои се даваат мерки, препораки и насоки за сите органи на државната управа, јавните претпријатија основани од државата, акционерските друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции, важат до завршување на периодот на постоење на вонредна состојба на територијата на Република Северна Македонија.