25/04/2024
Охрид

НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид ќе го одбележи Светскиот ден на поезијата

НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид ќе го одбележи Светскиот ден на поезијата со претставување на дел од творештвото на роднокрајните поетеси на 21 март (среда) во 12:00 часот.

„Секоја година на 21 март одбележуваме три големи настани. Освен што ќе и кажеме големо Добредојде на пролетта и ќе си ги средиме работното место и домот во чест на денот на екологијата, ќе го прославиме и Светскиот ден на поезијата.“- велат од охридската Библиотека.

Одлуката токму 21-ви март да се прославува како Светски ден на поезијата е усвоена од УНЕСКО во Париз 1999 година. Оттогаш, овој ден се прославува со книжевни собири низ целиот свет од страна на поети кои испраќаат пораки во чест на стиховното творештво.