Нуркачите од „Амфора“ под вода го запалија традиционалниот василичарски оган

Нуркачите од Нуркачкиот центар АМФОРА од Охрид на нескојдневен и атрактивен начин ја најавија Стара нова година. Тие го запалија традиционалниот оган во водите на Охридското Езеро, кај Музејот на вода.

Со ова нуркачите од АМФОРА на православните христијани им ја честитаат Стара нова година и Василица и се вклучуваат во организација на Охрид во празнувањето на претстојните празници Богојавленије Водици и Св.Јован Крстител – Денот на рибарите.

This slideshow requires JavaScript.