19/04/2024
Охрид

НВО Коалиција на Египќани: Очекуваме Владата да поднесе нацрт амандман за влез на Египќаните во Уставната Преамбула

НВО Коалиција на Египќаните очекува Владата на Република Македонија да поднесе нацрт амандман за влез на Египќаните во Уставната Преамбула.
 
„До владата на Р.Македонија, од страна на Здруженија на граѓани кои се залагаат за правата и слободите на Египќаните како и од истакнати активисти и грагани кои се залагаат исто така за институционална интеграција и интегрирање на ова етничка заедница, е испратено Барање во нацрт-Амандманот за промена на Преамбулата да се спомене и етничката заедница на Египканите. Кога, веќе се донесе Одлука за пристапување кон Уставни измени, коректно е Владата да предложи, а сите парламентарни партии, консезуално да ги подржат Египќаните во насока на нивно спомнување во Уставната Преамбула. Во минатиот период, на сите средби со највлијателните Амбасадори, ја добивавме таа подршка и препорака, како демократска вредност. Сега, се е во рацете на Влдата, а потоа на Собранието на Р.Македонија. Со гласови на Египќаните, станале пратеници и Македонци и Албанци, особено во 5 тата изборна единица. Ова, се историски моменти, и многу внимателно пристапуваме кон процесот, бидејки е комплексен, но сепак сме умерени оптимисти“, – вели Демир Далип, еден од најистакнатите активисти на етничката заедница на Египќаните.