19/04/2024
Охрид

НВО Коалиција на Египќаните: Владата да поднесе предлог-амандман за влез на Египќаните во Уставната преамбула

Од НВО Коалицијата на Египќаните бараат Владата на Р.Македонија да поднесе предлог-амандман за влез на Египќаните во Уставната преамбула, а пратениците консезуално да го поддржат.

„Египќаните во Р.Македонија, можеби ја имаат последната можност да бидат спомнати во Уставната Преамбула како посебна и автентична етничка заедница. После, Одлуката на Собранието на Р.Македонија, за пристапување кон Уставни Измени, очекуваме Владата ан Р.Македонија да биде подносител на Предслог-Амандман за влез на Египканите во Уставната Преамбула. Сите сме сведоци дека цели 28 години, многу генерации Египкани се бореле за ова нивно легитимно право.Сега, е моментумот кога треба и нас да ни се помогне, како на лојални грагани на Р.Македонија.Со влезот на Египканите во Уставната Преамбула добива во тежина и мултиетничкиот, мултиконфесионалниот карактер на државата. Уште утре, ке биде доставено Молба до Премиерот на Р.Македонија, г дин Зоран Заев, во врска со ова тематика, а зад која молба стојат повеке НВО ОРГАНИЗАЦИИ НА ЕГИПКАНИТЕ и сметаме дека има искра надеж и ние да не бидеме предмет на повекекратна дискриминација.Р.Македонија е наша татковина, резервна немаме“, истакна лидерот на НВО Коалцијата на Египќаните, Демир Далип