28/03/2024
Охрид

НВО Коалицијата на Египќаните оствари средба со францускиот амбасадор во РМ

НВО Коалицијата на Египќаните предводена од Лидерот Демир Далип, а во придружба на Здружението за грижа и воспитување на деца-Охрид, застапувана од Претседателот, Летка Филипова, остварија средба со Амбасадорот на Франција во Р.Македонија, Кристијан Тимоние.

Средбата која се одржа во Охрид, како што истакнуваат од НВО Коалицијата на Египќаните поминала во срдечна и пријатна атмосфера, во која биле дискутирани прашањата поврзани во врска со напорите на етничката заедница за влез во Уставната Преамбула, како и темите околу ранливите категории на грагани, децата и лицата со посебни потреби.

Во дописот се наведува и фокусираноста на темите за грижа и вопситување на деца, презентирани од страна на Претседателката Летка Филипова, како и подадената рака на Францускиот Амбасадор во Р.Македонија, за поддршка околу овие суштински прашања. НВО Коалицијата на Египќаните, како што истакнуваат, во наредниот период , се очекува средба и со Амбасадорот на САД, Џејс Бејли.