29/03/2024
Македонија

Одбележување на Светскиот ден на аудиовизуелното наследство во Кинотеката на Македонија

„Твојата приказна во движење“ е мотото под кое деновиве, во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на аудиовизуелното наследство, низ целиот свет се организираат изложби, проекции, предавања и слични настани…

По тој повод, утре (30 октомври) во 12 часот во Кинотеката на Македонија ќе биде одржана промоција на новата веб-страница на оваа институција и на најновиот број на списанието „Кинопис“, а ќе биде отворена и изложбата „Мис Стон: Помеѓу Елен и Автономија“  по повод 60-годишнината од премиерата на филмот „Мис Стон“.

Со овие настани Кинотеката на Македонија ќе ја потсети домашната јавност за вредноста и значењето на националното кинематографско наследство и за потребата тоа да се зачува и да се пренесе на идните генерации.