Обиени јавните тоалети кај Горна Порта

На деструктивното однесување и оштетување на инфраструктурните добра кои треба да им служат на сите граѓани никогаш крај. Синоќа се обиени автоматите за влез во двата јавни тоалети кои се поставени во стариот дел од градот кај Горна Порта.

Полицијата е информирана за овај вандалски чин и случајот е пријавен веднаш од страна на ЈП „Охридски Комуналец“.

Јавните тоалети ќе бидат надвор од употреба сè додека не се санира штетата.