28/03/2024
Македонија

Објавен е Конкурсот за манифестацијата „Град на културата“

Министерството за култура денеска (4.12 2018) во дневните весници „Нова Македонија“ и „Лајм“ , како и на својата веб-страница го објави Конкурсот за финансирање проекти од национален интерес, манифестација „Град на културата“ …

Logo_novo_1

На Конкурсот може да учествуваат општините во Република Македонија, со исклучок на Град Скопје и општините кои се дел од градот Скопје.

Приоритетите, критериумите и мерилата врз чија основа ќе се врши оцена на проектите се содржани во пријавата, која е составен дел од Конкурсот и која е објавена на веб–страницата на Министерствотo за култура (www.kultura.gov.mk).

Конкурсниот рок ќе трае до 4 јануари 2019 година.