Објавена книгата со хаику поезија „Стрмец во хаику скротен“ од Пере Ристески

Деновиве од печат излезе најновата книга со хаику поезија Стрмец во хаику скротен на авторот Пере Ристески.

Во книгата се поместени 70-тина хаику песни, кои тематски се поврзани со ветрот стрмец, карактеристичен за охридскиот регион.

Книгата е поддржана од Општина Охрид, во издание на ПНВ публикации од Скопје.

„Авторот на книгата е вистински хаику мајстор, кој ги води читателите низ тајните на хаикуто, експериментирајќи со него, модернизирајќи го и доближувајќи го културолошки до читателот“, велат од издавачката куќа.

Ристески е автор на девет книги поезија, од кои пет со хаику поезија. Неговата поезија е преведена на голем број јазици и редовно се објавува во книжевни списанија во Европа и светот. Добитник е на значајни интернационални признанија, дипломи и пофалници.