19/04/2024
Спорт

Обнова на Едриличарскиот клуб „Снегар“

Големиот пожар кој пред три недели избувна на „Машката плажа“ во Струга, целосно го уништи Едриличарскиот клуб „Снегар“, со 33 пловни објeкти, 4 мотори и 60 години стара документација.

Агенцијата за млади и спорт обезбеди средства за целосна реконструкција на опожарениот објект.

По тој повод, директорот на АМС Дарко Каевски беше во Струга, каде во соработка со челните луѓе на федерацијата и едриличарскиот клуб разговараа за важноста за важноста на самиот објект,со што едриличарскиот клуб и едриличарството ќе се вратат во полн сјај.

Едриличарскиот клуб „Снегар“ е издвоен од Друштвото за водени спортови и рекреација 1972 година, и од тогаш постигнува врвни спортски резултати давајќи репрезентативци на регатите во Европска конкуренција.

Во соорганизација на Едриличарската федерација клубот организираше и беше учесник на 7 (седум) државни – меѓународни регати.