18/04/2024
Охрид

Oбуки на обучувачи/ментори за организациски развој „Проектен циклус, застапување и лобирање“

Македонското здружение за заштита при работа, во партнерска соработка со Организацијата на работодавачи на Македонија и Сојузот на Синдикатите на Македонија, имплементираат проект: “Подобрување на вклученоста и влијанието на граѓанското општество во јавните политики за безбедност и здравје при работа и при донесувањето одлуки како подршка на државата во процесите на пристапување кон ЕУ” – ЕuropeAid/155322/DD/ACT/MK.

Главната цел на проектот е да се подобри вклученоста и да се зајакне влијанието на организациите на граѓанското општество во спроведувањето на клучните реформи во безбедноста и здравјето при работа, како и дијалогот и партнерството со регионалните граѓански организации од ИПА регионот.

Во хотел Аквалина – Охрид, ќе бидат организирани вториот циклус дводневни обуки на обучувачи/ментори за организациски развој, на темите: проектен циклус; застапување и лобирање. Темите на обуките се базирани на претходно имплементираната активност, која се однесуваше на организациска проценка на потребите на граѓанските организации кои се членови на Националниот Совет за безбедност и здравје при работа. Обуките на обучувачи/ментори, се наменети за репрезентативни претставници од следните организации: Македонското здружение за заштита при работа, Сојузот на синдикати на Македонија, Конфедерацијата на слободни синдикати, Организацијата на работодавачи на Македонија, Македонското здружение по медицина на труд и Стопанска интересна заедница на заштитни друштва во Македонија.

Учесниците на обуките ќе се стекнат со особено значајни вештини и знаења, кои како идни обучувачи/ментори, ќе ги пренесат во нивните матични организации, како и во останатите сродни организации. Тие ќе се стекнат со експертиза за процесите при креирање политики и процедурите за успешен организациски развој. Исто така, ќе имаат влијание врз зајакнувањето на мрежните и комуникациските канали меѓу граѓанските организации, Советот за БЗР и владините институции, при спроведувањето реформи за безбедноста и здравјето при работа.